Можеби никогаш не сте слушнале за мед од тиква, но оваа вкусна намирница толку е здрава за организмот што ќе ја јадете секој ден.
Поради големата содржина на витамини и каротен, овој мед го зајакнува имунитетот, а благодарение на благо лаксативното и диуретско делување е одличен избор кај лицата кои имаат проблеми со хронична тврда столица и различни заболувања на дебелото црево. Тука списокот на неговите позитивни дејства за организмот не завршува.
Особено е делотворен кај излачување на жолчката и проблеми со јетра и бубрези, а добар избор е и за лица со зголемен холестерол. Се смета дека е природен члек и за мочните патишта.
Како да направите сами мед од тиква?
Исечете ги врвовите од зрелата тиква и извадете ги семките и влакната. Во дупката која сте ја издлабиле ставете мед или кафеав шеќер, и поклопете ги со отсечениот врв на тиквата. Оставете го да стои така десет дена на студено место. Во тој период шеќерот во тиквта ќе се истопи. Најдобро би било медот да го чувате во фрижидер во чиста стаклена тегла со капа најдолго еден месец. За да може да го чувате подолго може да го сварите да се згусне, но во тој случај треба да знаете дека при варењето медот ќе изгуби дел од корисните состојки.
Можете да го конзумирате како десетр, две до три лажички дневно или со него да го засладите чајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.