| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски се сретна со граѓаните на Куманово, се запозна со проблемите кои ги имаат, а најави и решавање на истите (галерија и видео)

Премиерот Никола Груевски во придружба на заменик министерот за образование и наука Спиро Ристевски, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски  и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Ѓорѓиевски, како и претставници на кабинетот на премиерот остварија средби со граѓаните на Куманово.

DSC_0038

Агендата на премиерот започна со посета на село Романовце каде тој разговараше со мештаните на оваа населено место и се запозна со проблемите кои ги имаат, а воедно најави и решавање на истите. Од тука посета оствари во ООУ „Толи Зодрудимис“, по што следуваше разгледување на реновираните простории на училиштето „Браќа Миладиновци“ за каде беа издвоени 12 милиони денари.

DSC_0028

Пред училиштето премиерот разговараше и со дел од жителите, а потоа се упати во посета на населбата Гоце Делчев каде оствари средба со граѓаните. Во разговорот премиерот вети дислокација на Центарот за зависници, кој се наоѓа во близина на ОУ „Кочо Рацин“, во новите простории на Ургентниот центар кој допрва ќе се гради.

На местото на сегашниот Центар за зависници премиерот вети пренамена на просторот за изградба на детска градинка за жителите од населбата.

Во останатиот дел од агендата на премиерот Никола Груевски останува посета на селата Пчиња, Никуљане, Младо Нагоричане и Старо Нагоричане.

фото „Кумановски муабети“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top