Управата на португалскиот клуб Порто најави отпочнување на хуманитарна акција за собирање средства кои ќе се наменат за помош на мигрантите кои се наоѓаат на европско тло, проблем што станува се поголем за големите европски земји. Португалскиот гигант обелодени дека ќе издвои по едно евро од продадените билети од првиот натпревар во групната фаза од Лигата на шампионите, и преку отворено писмо до УЕФА ќе се обиде да ги вклучи и онстанатите 31 екипа од најеминентното натпреварување, за да биде собрана поголема сума на пари.
– Невозможно е да се затворат очите пред драмата со мигрантите кои се обидуваат да влезат на европско тло. Порто, преку УЕФА, ги повикува останатите 31 клуб во ЛШ да се обединат во акцијата за донирање на по едно евро од првиот домашен натпревар во елитното европско натпреварување. Ние оваа иницијатива ќе ја реализираме на дуелот со Челси на 29 септември, а се надеваме дека нашиот пример ќе го следат и останатите екипи – порачаа од таборот на Порто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


