Во Струмица ќе има прегласување на три избирачки места. Управниот суд ги одби тужбите на СДСМ за избирачките места 1727, 1730 и 1734.
Во овие три избирачки места вкупниот број на гласачи изнесува 3.255, а на 24 март гласале 2.553 граѓани. Кандидатот на СДСМ, Зоран Заев, доби 1.436 гласа, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев, 1.034.
Приговорите за повторување на гласањето во Струмица беа поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, а прифатени од мнозинството членови на ДИК.
Гласањето на овие три избирачки места ќе се повтори на 7 април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Актерите од „Забрането смеење“: Публиката да се впушти во една театарска авантура
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји