Минхенскиот фудбалски клуб „Баерн“, германскиот шампион, отвори тренинг-камп за децата-бегалци и донираше милион евра за мигрантите. Клубот додаде дека децата кои ќе тренираат во кампот ќе добијат бесплатни часови по германски јазик, јадење и опрема за фудбал. Фудбалерите на следниот натпревар во првеството против Аугсбург на терен ќе излезат со децата- бегалци.
Над 2.000 мигранти само во вторник допатуваа во Минхен. Локалната полицијата соопшти дека „биле преплавени од донаии“.
Германија очекува над 800.000 мигранти да пристигнат оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.