| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на документарен филм за Монгани Вали Сероте во Кинотека

Во Кинотека на Македонија утре, со почеток во 20 часот, ќе се одржи промоција на документарниот филм „Поет на rеволуцијата“, чие сценарио и режија се на Диме Ратајкоски, а е посветен на добитникот на 51. издание на Струшките вечери на поезијата, јужноафриканскиот поет Монгани Вали Сероте.
Документарниот филм е во продукција на Македонската телевизија и претставува продолжение на низата поетски портрети кои секоја година оваа телевизија ги посветува на добитниците на престижната наградата „Златен венец“ на СВП.
Филмот се концентрира на животот и на творечкиот опус на Монгани Вали Сероте, еден од најреномираните африкански поети и ревулуционери против власта на Апартхејдот.
Поетот е добитник на многу престижни награди, меѓу кои спаѓаат „Нома“, значајна награда за издаваштво во Африка, во 2004 година ја добил и големата награда „Пабло Неруда“ во Чиле, а од неодамна се здобил и со државното признание на Јужна Африка редот на „Икаманга во сребро“. Монгани Вали Сероте е почесен член на Друштвото на писатели на Република  Македонија.
Режисерот е уредник на првиот програмски сервис на Македонската радио-телевизија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top