| четврток, 6 декември 2018 |

Путин вежба во спортска опрема од 3.200 долари

пут

Во здраво тело, здрав дух. Рускиот претседател Владимир Путин дефинитивно знае што значи тоа, па е еден од ретките светски политичари кои редовно вежбаат.

И не само тоа. Кога вежба е облечен во спортска опрема која вреди ни помалку, ни повеќе, туку 3.200 долари.

За некој можеби е скапа оваа спортска опрема, но да не заборавиме дека Путин има истенчен и скап вкус кога е во прашање гардеробата и аксесорис.

Светските медиуми пишуваат дека има колекција на часовници од 700 илјади долари, во гаража има 700 автомобили, а само тоалетот во неговиот претседателски авион чини 76.000 долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top