| четврток, 6 декември 2018 |

Мајката на удавените сириски момчиња: Не сакам да одам, се плашам од водата!

Не сакам да одам, се плашам од водата. Не знам да пливам… Ова биле последните зборови на мајката на двете сириски момчиња, која заедно со нив го загуби животот во трагедијата што се случи на брегот на турското летувалиште Бодрум, пренесува Дејли мејл.

deca-begalci-sliki

Тетката на двете сириски момчиња што се удавија во Егејското Море, за медиумите открива дека мајката на децата не сакала воопшто да оди во Кос и оти незнаела да плива.

Фатима Курди, сестрата на таткото на децата Абдула Курди, во Ванкувер каде живее и работи, одржа потресна прес – конференција, на која со јавноста ги сподели последните мигови од трагичната приказна на сириското семејство, чија судбина деновиве го потресе светот. Тима се надевала дека ќе успее да го повлече семејството во Канада, но кандските власти го одбиле нивното барање за азил. Неговата сопруга, пред една недела ми рече: „Не сакам да одам, се плашам од водата. Не знам да пливам, ако нешто се случи… Не сакам да одам“ – раскажува Тима пред медиумите и додава дека најверојатно семејството сепак одлучило дека ќе одат сите заедно.

tetka-deca-begalci

Низ солзи, Тима вели дека двете дечиња воопшто не виделе добро во животот, а дека нејзината снаа била премногу млада за да умре. Таа го молела нејзиниот брат Абдула да не се враќа во разореното Кобане во Сирија за да го погреба семејството.

Таа изјавила дека нејзиниот брат Абдула рекол дека Турција не е негова држава и дека се што сака да направи е да се врати во Кобане. Како што вели, тој рекол дека не сака ништо повеќе.

abdula-al-kurdi

– Само сакам да ги погребам децата и да седам покрај нив додека не умрам – рекол Абдула.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top