Претседателот на косовското здружение на филмски уметници Лирак Челај бара Емир Кустурица да се прогласи за персона нон грата откако беше најавено дека ќе снима филм за трговијата со органи на Косово, и воедно побара реакција од меѓународната заедница.
Челај смета дека најавата оти Кустурица ќе снима филм за трговијата со органи на Косово претставува продолжување на антиалбанската пропаганда и Приштина треба да го прогласи за персона нон грата.
– На ваквата најава треба да реагираат локалните власти, но и меѓународната заедница. Кустурица не можеме да го нарекуваме уметник бидејќи го поддржуваше режимот на Слободан Милошевиќ – тврди Челај, кој инаку е висок функционер во Демократската партија на Хашим Тачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.