| четврток, 6 декември 2018 |

Гори шума над патот Куманово ­- Свети Николе

­ Нискостеблеста шума и сува трева горат на потегот меѓу кумановските села Орашац и Скачковце во месноста Бела Вода, над патот Куманово-­Свети Николе.

pozarttrva

 

На терен се ангажирани деветмина пожарникари со три противпожарни возила. ­

– Станува збор за поголема површина што е зафатена со пожарот – изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Иливески.

Во гаснењето на пожарот се вклучени и неколкумина жители од Ораша.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top