Унгарската полиција го запре првиот воз, за градот Шопрон во близина на границата со Австрија и сите бегалци ги насочи кон градот Бичке, каде има прифатен центар.
Сите останати патници биле симнати и се качиле на резервен воз.
Мигрантите, удирајќи по прозорците на вагоните, скандираа „Никаков камп, никаков камп“. Околу 50 полицајци од безбедносните сили на земјата се распоредени во близина на возот.
Полицијата испразнила еден од вагоните, а уште пет вагони со мигранти се уште стојат на железничката станица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.