| четврток, 6 декември 2018 |

Пет години затвор за возачот кој ја прегази новинарката пред Т.Ц. Зебра

suzana todorovska pavlova

Пет години затвор е пресудата за возачот кој на 9 јули годинава ја прегази новинарката Сузана Тодоровска-Павловска кај трговскиот центар Зебра во Скопје. Минималната казна за ова дело, тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, е 4 години затвор.

Во крвта на триесетиседум годишниот Бојан Блажевски по несреќата биле пронајдени 1,52 промили алкохол, а во урината 2,41. Кај него биле констатирани и траги од наркотична дрога канабис сатива.

За застапникот на обвинението ова не било сообраќајна несреќа, туку чин сторен со умисла.

 „Обвинетиот на денот на несреќата во својот дом се довел во состојба на пијанство и консумирал наркотици. Индивидуалната консумација не е казнива, но кога тоа ќе ја загрози безбедноста на другите претставува кривично дело“, рече обвинителката која побара максимална казна за обвинетиот.

И адвокатот на сопругот на Тодороска-Павлоска, Јанаки Митровски побара максимална казна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top