Пет години затвор е пресудата за возачот кој на 9 јули годинава ја прегази новинарката Сузана Тодоровска-Павловска кај трговскиот центар Зебра во Скопје. Минималната казна за ова дело, тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, е 4 години затвор.
Во крвта на триесетиседум годишниот Бојан Блажевски по несреќата биле пронајдени 1,52 промили алкохол, а во урината 2,41. Кај него биле констатирани и траги од наркотична дрога канабис сатива.
За застапникот на обвинението ова не било сообраќајна несреќа, туку чин сторен со умисла.
И адвокатот на сопругот на Тодороска-Павлоска, Јанаки Митровски побара максимална казна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст