Премиерот Никола Груевски, заменикминистерот за образование и наука Спиро Ристовски и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Сокол Митровски денеска го посетија подрачното училиште ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населбата Хром каде во моментов се врши доизградба и реконструкција.
Со новиот проект, зградата ќе има два ката, предвидени се шест нови училници, четири тоалети, технички и работни простории и нов простор за библиотека. Ќе биде реконструиран и стариот покрив на постоечкиот објект и ќе биде изѕидана и нова термоизолациска фасада со што ќе се намали потрошувачката на енергија. Во дел од стариот објект ќе бидат заменети и плочките во санитарните јазли, одводната и водоводната инсталација, а во дел од постоечките училници ќе биде заменет и подот. Овој зафат треба да заврши за шест месеци. Работите ќе ги изведува „АЛДИНГ – Инженеринг“ од Скопје, а средствата во висина од 27,5 милиони денари се обезбедени од Владата преку Министерството за образование и наука.
За сите ученици Општина Ѓорче Петров обезбеди бесплатен превоз до Централното училиште „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ каде ќе посетуваат настава се додека објектот се реконструира и проширува и децата ќе бидат превезувани од одредени локации близу нивното живеалиште до училиштето и обратно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски