| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета: Легализација на марихуаната за медицински цели

Medical-Cannabis1Дури 70 отсто од македонските граѓани одобруваат легализација на марихуаната за медицински цели, а 28 отсто се против. Општата легализација на марихуаната, пак, ја одобруваат само 34 отсто од граѓаните, додека 63 проценти се противат.

Ова го покажуваат резултатите од  теренската анкетата што од 15 јуни до 15 јули годинава ја спроведе агенцијата за истражување на пазар и јавно мислење М-Проспект, врз репрезентативен примерок на граѓани.

Во анкетата граѓани од сите возрасти одговараа на прашањата: Дали мислите дека употребата на медицинска марихуана треба да биде легална, или не? и Дали мислите дека употребата на марихуана треба да биде легална, или не?

Од оние што се за легализација на марихуаната за медицински потреби 71 отсто се мажи, а 70 отсто жени, додека против општа легализација се 36 отсто од мажите и 31 отсто од жените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top