Emигрантите [to по Србија успеаја да стигнат во Унгарија на новинарите им покажаа што се крие всушност во нивните торби. Нивните скапоцености ќе го скршат и најтврдото срце.
Вафа Букаи (25), студентка од Дамаск (Сирија), гледа во неколку фотографии што цврсто ги стега во раката додека чека нејниниот брат да ја премине границата на Хоргош и да ѝ се придружи во Унгарија. Иако повеќето емигранти со себе носат само најосновни нешта, а фотографиите ги чуваат на електронски уреди, Букаи повеќе сака под градите да ја почувствува хартијата, која ги чува нејзините најскапоцени спомени.
Мухамед Замани (26) е наставник по математика од Шираз (Иран). Тој на фоторепортерот му ја покажа најголемата скапоценост што ја има-прстенот што неговиот постар брат му го подарил за 25. роденден. Додаде дека тргнал со торба со потребните работи, но по патот останал без неа.
Мекдад Мари (25) е графички дизајнер од Дамаск. Фоторепортерот го фати како во агонија се држи за повредениот врат, а со себе ги понел најосновните нешта. Вратот го повредил кога ја преминувал границата од Србија во Реска, село во Унгарија. Мари последниве две недели ги поминал во пат од кампот за бегалци од Турција кон Унгарија во надеж дека ќе стигне до Германија.
Хусеин Ал Шамали (20) од Идилиб (Сирија) исто така поминал од Реска од Србија, а во торбата го носи тоа што смета дека е клуч за неговиот успешен живот во иднина: дипломи и сведителства за успешното образование.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти