| четврток, 6 декември 2018 |

Срцепарателно: Погледнете што се крие во торбите на сириските eмигранти

Emигрантите [to по Србија успеаја да стигнат во Унгарија на новинарите им покажаа што се крие всушност во нивните торби. Нивните скапоцености ќе го скршат и најтврдото срце.

76917_2m

Вафа Букаи (25), студентка од Дамаск (Сирија), гледа во неколку фотографии што цврсто ги стега во раката додека чека нејниниот брат да ја премине границата на Хоргош и да ѝ се придружи во Унгарија. Иако повеќето емигранти со себе носат само најосновни нешта, а фотографиите ги чуваат на електронски уреди, Букаи повеќе сака под градите да ја почувствува хартијата, која ги чува нејзините најскапоцени спомени.

thumb460_76917_1r

Мухамед Замани (26) е наставник по математика од Шираз (Иран).  Тој на фоторепортерот му ја покажа најголемата скапоценост што ја има-прстенот што неговиот постар брат му го подарил за 25. роденден. Додаде дека тргнал со торба со потребните работи, но по патот останал без неа.

76917_3r

Мекдад Мари (25) е графички дизајнер од Дамаск. Фоторепортерот го фати како во агонија се држи за повредениот врат, а со себе ги понел најосновните нешта. Вратот го повредил кога ја преминувал границата од Србија во Реска, село во Унгарија. Мари последниве две недели ги поминал во пат од кампот за бегалци од Турција кон Унгарија во надеж дека ќе стигне до Германија.

76917_5r

Хусеин Ал Шамали (20) од Идилиб (Сирија) исто така поминал од Реска од Србија, а во торбата го носи тоа што смета дека е клуч за неговиот успешен живот во иднина: дипломи и сведителства за успешното образование.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top