| четврток, 6 декември 2018 |

Дел од Македонија во портокалова фаза

фа

Јужновардарскиот регион на Македонија денеска ќе биде зафатен со температури од портокалова фаза. Останатите региони ќе бидат зафатени со температури од жолта, односно алертна фаза.

Министерството за здравство информира во јужновардарскиот регион на Македонија (Штип, Радовиш, Кавадарци, Демир Капија, Струмица, Гевгелија) да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

– Особено се препорачува на установите за згрижување на деца, (градинки) да не ги изнесуваат децата на отворено и да не практикуваат физичка активност во овој период – се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Граѓаните од цела држава потребно е да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, како и термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката. Подготвената храна да се стави во фрижидер на + 8 степени, а пред употреба да се загрее на + 100 степени. Се препорачува да се избегнува консумирање производи кои не се термички обработени, како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се консумира сладолед и разни кремови.

Министерството за здравство потсетува дека летово во сите градови низ државата се поставени пунктови за превентивни препораки и совети за заштита од високите температури. Пунктовите функционираат секој ден во периодот од 18:30 до 21:30 часот. На пунктовите се врши мерење на крвен притисок и се даваат совети за превенција од топлото време и за здрав начин на живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top