Третиот септемвриски ден ќе биде малку пооблачен во однос на претходните два дена. Ќе започне со ведро време, а во втората половина од денот, особено во западниот дел од земјата, ќе преовладува умерена облачно време.
Температурата ќе достигне вредности околу 37°С во повардарскиот крај. Малку посвежо, во споредба со повардарието, ќе биде во југозападниот крај, каде очекуваме максимална околу 32°С.
Во Скопје овој четврток ќе биде сончев претпладне и умерено облачен попладне, а температурата ќе достигне до 36°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.