– Грчките власти се исплашија од напредокот во случаите за враќање на имотите на Македонците што им биле одземени по Граѓанската војна во 1949 година. Ним не им се допаѓа сериозниот пристап во мојата работа и не веруваа дека воопшто ќе стигнеме дотука. Вака за „Дневник“ адвокатката ангажирана на случаите за имотите на протераните Македонци од Грција, Трендафилка Сандева, го коментира тоа што пред неколку недели во обид да влезе во соседната земја не и беше дозволен влез на грчката граница.
Таа нагласува дека последнава година е забележан напредок во процесуирањето на случаите, односно одреден број веќе стигнале во грчките судови – факт што не им се допаѓа на тамошните власти. Според Сандева, се уште е рано да се прогнозира колку време ќе трае постапката пред судовите, но таа е сигурна дека е многу веројатно да се стигне до позитивен резултат.
– Иако Грција е членка на ЕУ, нејзиното правосудство има долги судски процеси, многу подолги од нашите, на пример. Па од доставувањето на предметот до првото закажување може да поминат и две години. Но, реално гледано ваквите процеси во која било земја би биле долги и исцрпувачки, оти се работи за многудецениски период и нужни се многубројни и различни документи – објаснува Сандева. Додава дека е недозволиво Македонците да не можат да си ги вратат имотите, и покрај сложеноста на процедурите и политичката заднина зад сето ова, таа е решена да оди до крај.
– Многу ми значи поддршката од напредната грчка јавност како, на пример, грчката пратеничка што го покрена мојот проблем со враќањето од граница пред парламентот во Атина. Тоа ми дава дополнителна сила, исто како соработката со адвокатите од Солун што работат на овие случаи – вели Сандева за Дневник. Добра вест е што десетина луѓе веќе успеале да си ги добијат назад државјанствата.
– Kаде што не е одземено државјанството, успеавме за кратко време да докажеме и да си го повратат. Ова е едно од изгубените права. Kаде што е одземено, сега во грчките судови се оспорува одлуката на одземање и добар дел од ваквите случаи веќе се пред пресуди. Односно, оспорено е одземањето, само се чека на нова одлука за враќање на државјанството. Следен чекор во повраток на изгубените права е враќањето на правото на сопственост над имотот – објаснува Сандева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција