| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски- Дезир: Македонија и Франција имаат одлични меѓусебни односи

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, денеска оствари средба со државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи и економски развој на Република Франција, Арлем Дезир.

Соговорниците се осврнаа на повеќе актуелни прашања од сферата на политиката, односите меѓу двете држави, можностите за нивно унапредување и збогатување, како и за темата со европските интеграции на државата, информираат од владината прес служба.

На средбата соговорниците дадоа позитивна оценка за меѓусебните односи, кои се со потенцијал за дополнително развивање како на полето на дипломатијата, така и во полето на економијата.

s1

 

Премиерот Груевски се заблагодари за принципиелната поддршка која Република Франција и ја дава на Македонија за нејзините  европски интеграции кои претставуваат стратешка цел на државата и на чие реализирање активно се работи преку исполнување на повеќе мерки и реформи.

Соговорниците се осврнаа и на темата со илегалните мигранти при што се сложија дека потребна е заедничка и координирана соработка во поширок контекст, а во насока на разгледување на решенијата и преземање на одлуки и мерки кои ќе бидат во правец на надминување на актуелните состојби.

Двете страни ја истакнаа отвореноста за соработка за проекти во различни области кои ќе ја динамизираат економската соработка, трговската размена и соработката на полето на инвестициите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top