| четврток, 6 декември 2018 |

Зетот на кипарскиот претседател повлекол 21 милион евра пред да се затворат банките

Неколку дена пред да бидат затворени банките на Кипар, зетот на кипарскиот претседател повлекол 21 милион евра од банката „Лаики“.

Џон Луциос, кој е сопственик на компанијата „Луциос и синовите“ и зет на претседателот Никос Анастасијадес, на 12 и 13 март ги префрлил парите во Лондон, објави кипарски весник.

Претседателот Анастасијадес ова обвинување го нарече обид за оцрнување на компании или луѓе кои се поврзани со неговата фамилија.

Со новите мерки што се воведоа во банките на Кипар, клиентите со депозити над 100 илјади евра може да загубат до 60 проценти од нивните заштеди. Најлошо ќе поминат штедачите во банката „Лаики“. Според договорот на Kипар со тројката, втората банка по големина на островот ќе биде затворена, а депозитите под 100.000 евра ќе бидат префрлени во Kипарската банка. Поголемите депозити, пак, кои не се под гаранција на законот на ЕУ, ќе бидат замрзнати и искористени за раздолжување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top