| четврток, 6 декември 2018 |

„Гугл“ има ново лого (видео)

Google1-702x336

Новото лого е првата поголема интервенција што компанијата „Гугл“ ја направила врз изгледот на брендот во последните 16 години. Логото ќе ја задржи карактеристичната секвенца на бои, сина, црвена, жолта, сина, зелена и црвена, но го промени фонтот со кој се напишани буквите.

Ова лого е поедноставно, посовремено и попријателски настроено, и е визуелно поврзано со „Алфабет“ новата холдинг компанија на „Гугл“. За сегашното лого е употребен фонтот Product Sans.

Меѓутоа, реконструирањето на брендот на „гугл“ не е само менувањето на изгледот на името. Може да се забележи и икона за микрофон дизајнирана за да појасни дека се работи и на говорната интеракција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top