ЖРК Вардар е победник на женскиот турнир „Вардар 2015“. Првото издание на овој турнир се одигра изминатите три дена во салата „Јане Сандански“ во Скопје. Во финалето, македонските шампионки славеа против рускиот Ростов Дон со 29-24, по изедначениот резултат на полувреме 14-14.
Натпреварот се играше со изедначено темпо, па и по водството на Вардарки од 19-17, Русинките изедначија на 20-20 во 41.минута од мечот. Предноста од четири голови, остварени на последните пет минути од натпреварот (26-22) ја осигураа победа од 29-24 и пехарот во првото издание на турнирот „Вардар 2015“.
Најефикасна во составот на ЖРК Вардар беше Андреа Пенезиќ со седум гола. Воедно, со вкупно 13 гола беше и прв стрелец на вардарки на турнирот. Ракометарката на Ростов Дон, Екатерина Илина е прогласен за МВП на турнирот „Вардар 2015“.
Во натпреварот за третото место Будуќност, актуелниот европски шампион, славеше против Лајпциг со 30-23. Савехов го освои петтото место по триумфот над Подравка со 22-18.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.