| четврток, 6 декември 2018 |

Логото за олимпијадата во Токио 2020 е откажано заради плагијат

tokio 2020Организаторите на летните олимписки игри во Токио 2020 година ја откажаа употребата на логото заради обвинувањата дека истото е плагијат.

Дизајнерот Кенџиро Сано веќе го отстранил логот од својот интернет профил.

Одлуката за поништување е донесена само неколку дена откако МОК соопшти дека го подржува јапонскиот дизајнер.

Полемиката за логото се разви во јуни годинава, откако белгискиот дизајнер Оливие Деби покрена тужба против понатамошна употреба на логото со образложение дека истото е копија на неговото лого за театарот во Лимож.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top