| четврток, 6 декември 2018 |

Фронтекс: Има продажба на фалсификувани сириски пасоши

siria

Постојат информации за појава на трговија со фалсификувани сириски пасоши, особено во Турција, за полесен влез на емигрантите во ЕУ, соопшти денеска директорот на Европската агенција за управување на надворешните граници (Фронтекс) Фабрис Леџери.

Има луѓе што купуваат во Турција фалсификувани сириски пасоши, откако беше соопштено, дека Сиријците добиваат право на азил во сите земји-членки на ЕУ, изјави Леџери, за француското радио „Јуроп 1“.

Според Леџери луѓето што користат фалсификувани сириски документи, често зборуваат арапски и доаѓаат од Северна Африка или Блискиот Исток и имаат профил на економски емигранти.

Засега продажбата на фалсификувани документи не претставува негативно влијание врз безбедноста на ЕУ. – Немаме објективни податоци за влегување на потенцијални терористи на тој начин – истакна Леџери повикувајќи на зголемена внимателност на сите граници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top