| четврток, 6 декември 2018 |

Голема акција во Албанија за уништување на марихуана

мари

Албанската полиција во утринските часови започна нова, голема акција за уништување на цели парцели засадени со марихуана, во областа Дукаѓини, поточно во админситративните единици План и Пулт.

Во акцијата се вклучени 400 припадници на полицијата, меѓу нив и припадници на специјалната единица „Ренеа“, 60 полициски возила и два хеликоптера.

Само за неколку часа уништени се преку 4.000 стебла марихуана. Акцијата прдлжува во тешко достапен планински предел.

Во текот на вчерашниот ден, полициите од Валона, Скадар и од Лежа уништиле преку 3.500 стебла марихуана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top