Портпаролката на Сириза, Олга Геровасили, ги повика Грците уште еднаш да ѝ дадат на партијата силен мандат на претстојните избори на 20 септември.
– Силен мандат на владата на Сириза за да се спаси земјата од тешката ситуација во која ја доведоа 40 години лоши политики – изјави Геровасили за едно грчко радио. Таа истакна дека Сириза нема да соработува со Нова демократија поради тоа што двете партии се различни и идеолошки, и политички, додавајќи дека Сириза „не носи исти оптоварувања“.
– Нова демократија е партијата која го поддржува единството меѓу Грците – изјави нејзиниот лидер Вангелис Меимаракис во својот говор на затворен стадион во градот Патрас, во рамките на изборната кампања.
Во говорот го обвини лидерот на Сириза, Алексис Ципрас, за ширење лаги истакнувајќи дека „никогаш претходно еден премиер нема направено толку многу лоши работи за толку кусо време, и никогаш претходно немало политичар кој кажал толку многу лаги како Алексис Ципрас“.
– Нова демократија ќе ја врати насмевката на луѓето – рече Меимаракис, обвинувајќи ја Сириза дека ги направила Грците меланхолични.
Лидерот на грчката партија Потами, пак, Ставрос Теодоракис ги повика Грците да ги отфрлат главните кандидати во изборната битка, Сириза и Нова демократија, велејќи дека е „стара бајка“ да се верува дека еден од нив може да ја спаси Грција.
– Грција не сака да се врати во минатото на Ципрас, или во минатото на Меимаракис – изјави Теодоракис на предизборната средба со граѓани во Солун на која одговараше и на новинарски прашања.
Лидерот на Потами, исто така го обвини Ципрас дека е „неверојатно бесрамен“ што бара од гласачите апсолутно мнозинство „кое ќе му даде можност да донесе нови лоши одлуки“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Насилно спречени претставници на СИРИЗА да положат венци во Политехничкиот факултет во Атина
-
Нова демократија: Нови разговори со Скопје, ако Сириза не успее да го ратификува договорот