Турските сили за безбедност презедоа масовна операција против борците од Курдската работничка партија (ПКК) во источниот округ Тунџели, објави електронското издание на весникот „Сабах“.
Од вчера изутрина властите во Тунџели издадоа забрана за патување на цивилни автомобили по патиштата Тунџели – Ерзинџан и Тунџели – Оваџак.
Екипи на полицијата рано изутрината почнаа операција за ликвидирање на борци од ПКК. Операцијата се извршува со поддршка на воени хеликоптери Атак, Кобра и Сикорски. Во акцијата се вклучија и специјални сили.
„Сабах“ информира дека воените хеликоптери отвориле оган кон неколку стратешки цели на ПКК.
Претходно денеска во експлозија на бомба, постевена покрај патот во југоисточниот округ Шарнар беа ранети петмина полицајци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.