Градоначалникот на оддалечениот град во западен Ирак, Рутхаб кој е под контрола на групацијата Исламска држава изјави денеска дека околу 200 негови жители се заробени од радикалната група на непозната локација по судирите во тој регион.
Рој истакна дека постојат стравувања дека тие може да бидат убиени.
Немирите во Рутбах, во покраината Анбар во близина на јорданската граница, избија во саботата кога милитантите на ИД убиле локален жител како одмазда за убиството на член на групата.
Стотици локални жители демонстрирале тој ден во знак на протест поради убиството, а судирите избија кога милитантите се обиделе да ги растераат демонстрантите.
Покраинскиот функционер во Анбар изјави во саботата дека милитантите во знак на казна заробиле околу 70 локални жители и дека над 100 други биле врзани за столбови на уличното осветлување подолго од 24 часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Драматичен пресврт: Најдена дупка во пештерата, заробените деца би можеле да бидат спасени?
-
Надежта на заробените деца полека тоне, загина еден од спасувачите
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”