Групацијата Исламска држава денеска води улични борби против исламистичките бунтовници во Дамаск, приближувајќи се до центарот на сирискиот главен град, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права.
Судирите се случиле во преградието Кадам, во кое ИД воспостави контрола врз две улици за време на викендот.
– Тоа е најблиската точка до срцето на Дамаск, која ја достигна ИД, изјави Рами Абдел Рахман, директор на Центарот.
Тој изјави дека вчера загинале 15 лица во жестоките судири, кои ги принудиле цивилите да бегаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто
-
ИД ја презеде одговорноста за нападот во лондонското метро