| четврток, 6 декември 2018 |

Убиен припадник на украинската Гарда, десетмина во тешка состојба по немирите пред парламентот

гарда

Во киевска болница почина 25-годишен припадник на Националната гарда од рани здобиени од огнено оружје, соопшти денеска Антон Герашченко, пратеник во парламентот на Украина.

Според него, припадникот на Гардата бил погоден во градите со куршум, а покрај гранати во судирите со демонстрантите и полицијата пред парламентот било употребено и огнено оружје.

Украински медиуми јавуваат дека во судирите се повредени речиси 100 припадници на полицијата од кои десет се во тешка состојба. Демонстрантите фрлале кон полицијата со камења, чадни бомби, експлозивна направа…

Судирите во Киев избија поради внесување амандман на Уставот кои се однесуваат на децентрализацијата. Противниците на амандманите со кои се предвидува посебен закон за уредување на специфичности при отворање локална управа во одредени региони на Доњецк и Луганската област на исток во државата, сметаат дека пратениците ќе ја „легализираат автономијата на окупираните територии на Донбас, ќе ги амнестираат терористите и ќе им се даде целосна власт“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top