| четврток, 6 декември 2018 |

За три дена во Грција спасени 2.500 мигранти

мигранти

Грчката крајбрежна стража соопшти дека спасила речиси 2.500 имигранти во море во десетици спасувачки операции во викендот.

– Спасени се вкупно 2.492 лица во 70 операции крај источните острови Лезбос, Иос, Самос, Агатониси, Фармакониси, Кос и Сими од петокот наутро до денеска- соопшти крајбрежната стража.

Грција е соочена со рекорден број бегалци и мигранти оваа година. Најголем дел од нив се од Сирија и Авганистан. Над 200.00 се пристигнати до денеска. Речиси сите се носат до северната граница со Македонија од каде потоа се упатуваат до западноевропски држави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top