Европската унија нема да ги протера eмигрантите кои бараат заштита, изјави денеска Франс Тимерманс, потпретседател на ЕК.
Тој ги повика државите членки да останат верни на „вредностите на хуманизмот“ во момент на миграциската криза во Европа.
Тимерманс соопшти дека ЕУ ќе обезбеди дополнителна финансиска помош од пет милиони евра за француските власти кои се соочени со сѐ поголем бран eмигранти кои се обидуваат од Кале преку тунелот под Ла Манш да стигнат до Велика Британија. Франција веќе доби 35 милиони евра помош од Британците и седум милиони евра од ЕУ за да се соочи со миграцискиот бран во Кале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.