| четврток, 6 декември 2018 |

Сегрегацијата во англиските училишта е поголема отколку во Сент Луис

uk-mass-immigration-segregationПоделбата на расна основа во училиштата во Англија, во некои нејзини делови е поголема отколку во Сент Луис и неговата околина, во американската сојузна држава Мисури, погодени со расни немири – покажува истражувањето на тинк-танк организацијата „Демос“.

Во основните училишта во Блекбурн и во реонот на Дервен, во англиската област Ланкашир, е регистрирана поголема сегрегација меѓу белата британска популација и сите други етнички малцинства од поделеноста на белците и црнците во Сент Луис и во градот Фергусон.

Директорот на проектот за интеграција на „Демос“, Тревир Филипс, кој раководеше со истражувањето, изјави дека тоа покажало оти постои разлика меѓу сегрегацијата во училиштата и онаа во населебите каде што живеат луѓето.

– Во училиштата во земјата постои тенденција за уште поголема сегрегација, што значи дека повеќе од половината од децата го минуваат своето слободно време во друштво со луѓе како нив, што е нездрава ситуација – вели Филипс.

Во Лондон, 90 отсто од децата од малцинските заедници ја почнуваат првата година во основното училиште, во образовни установи каде малцинствата се во мнозинство.
На ниво на целата земја, овој процент изнесува 61 отсто.

Наспроти тоа, 94 отсто од белите британски ученици одат во училишта каде белите Британци се мнозинство, забележува Филипс

Тревор Филипс, кој претходно долго време беше претседател на Комисијата за расна еднаквост во Британија, потсетува дека уште пред една деценија предупредувал дека земјата се движи во правец да се претвори во сегрегациско општество.

Сега тој вели дека во тоа меѓувреме, земјата загуби цела една декада уверувајќи се себеси дека работите„некако ќе се средат“.

– Ова истражување само покажува дека тоа не се случи и дека Британија не смее да загуби уште десет години во уверувањето дека расната поделба самата ќе исчезне – забележува директорот на проектот за интеграција на тинк-танк рганизацијата „Демос“, Тревор Филипс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top