Околу десет илјади жители на германскиот град Кобленц беа евакуирани од нивните домови поради пронајдена бомба од времето на Втората светска војна, соопштија денеска градските власти.Бомбата тежи околу еден тон и е пронајдена при градежни работи во четвртокот. По завршувањето на евакуацијата деминерите ќе ја деактивираат бомбата.
Во Втората светска војна во Германија беа фрлени над два милиони бомби. Над 20 отсто од нив не експлодирале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.