Фитнес прашање кое најчесто се поставува е дали карди-вежбите се прават пред тренингот или обратно? И каде да се вметнат вежбите за флексибилност?
Американско истражување даде идеален распоред според однесувањето на огромен број спортисти и нивните навики.
Ако се сакаат најдобри резултати прво треба се почне со кардио-вежби, а следат тренингот за сила и на крај останатите вежби.
Со кадрио- вежбите се почнува бидејќи, како сметаат истражувачите, фокусирањето на првите вежби ќе ја намалат можноста за претерување, па и шансите за повреда. Доколку се работи обратно, ќе се зголеми ефективноста, но и чувството дека се работи со додатен напор.
Но, сепак, се додава дека иако распоредот на вежби е важен, во предвид треба да се земат и личните желби и целта на вежбањето, за тренингот да биде што подобар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.