Синоќа во 05.10 часот на граничниот премин Табановце со патничко моторно возило „Форд“ со албанска национална ознака допатувал З.Е. (25) од Република Албанија. По извршената пасошка контрола од страна на полициски службеник констатирано е дека патната исправа намерно е оштетена односно дека е избришана ознака за забрана за влез во Р.Италија.
З.Е. е приведен во ПС„Табановце“, а патната исправа му е одземена. Во 08,30 часот лицето е предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.