| четврток, 6 декември 2018 |

Изградбата на сегментот од фекалната канализација во Илинден во завршна фаза

Во Илинден се вршат градежни активности за изградба и поставување на 6 (шест) препумпни уреди, како завршен дел од првиот сегмент од фекалната канализација во насeлба Илинден-припадна површина 7.

Досега изградени се 3400 метри канализационен систем како и комплетно е изградена и инсталирана пречистителна станица со капацитет од 1.250 еквивалент/жители, односно прифаќање на отпадни води од околу 330 домаќинстава.

Станува збор за пречистителни станици кои се комплетно автоматизирани и претставуваат модуларни системи кои што зафаќаат мал простор, имаат мала потрошувачка на електрична енергија и можат да се надградуваат во согласност со зголемувањето на капацитетот на еквивалент жители.

Вкупната вредност на овој проект изнесува 30 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на општина Илинден.

Градежните активности се планираат да бидат завршени во месец септември и системот да биде пуштен во употреба.

Покарај овој сегмент досега комплетно изградени и пуштени во употреба се два системи во населените места Марино и Кадино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top