Дваесет и четири лица од кои десет полицајци се повредени од експлозија на мина која експлодираше во турскиот округ Мардин, во близината на границата со Сирија. Инцидентот се случил кога автобус налетал на мина.
Според дел од турските медиуми терористичкиот акт е дело на Курдската работничка партија (ПКК). Полицијата почнала голема операција за пронаоѓање на сторителите.
Турската армија од средината на јули презеде неколку операции против ПКК во северен Ирак и на територијата на Турција. Како одговор на тоа ПКК речиси секојдневно извршува напади врз турските безбедносни сили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.