Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос денеска потпиша декрет за распуштање на Парламентот и одржување на вонредни избори на 20 сепември. Со декретот е предвидено седница на новиот состав на парламентот да биде одржана на 1. октомври.
Претходно, привремената Влада на Грција, која ја предводи правата жена премиер Василаку Тану, денеска положи заклетва.
Повеќето членови на новата Влада положија религиозна заклетва пред архиеписокот на Атина и цела Грција Јероним, а министерот за финансии Јоргос Хулиракис и министерот за образование Ангелики Киау положија граѓанска заклетва.
За денеска е закажана првата седница на новиот кабинет, кој има 23 министри и заменици-министри, од кои некои како министерот за финансии беа во тимот и на претходната влада на Алексис Ципрас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.