| четврток, 6 декември 2018 |

Почина „Чоколадниот гром“ најатрактивниот кошаркар во НБА лигата

Најатрактивниот кошаркар во НБА-лигата во 70-80.години од минатиот век, Дерил Доукинс почина синоќа на 58-годишна возраст.
Причините за неговата прерана смрт не се обелоденети, но светот ќе го памети по атрактивните забивања кои ги имаше во текот на својата долга НБА кариера.
Многу често на натпревари во најсилната лига знаеше при забивање да ги скрши таблите, по што НБА лигата поради него реши да стави зглобни обрачи за да се заштитат кошаркарите од повреди поради неговите забивања.
И покрај тоа што а 14 години во НБА не успеа да освои шампионска титула, крилниот центар остана запаметен како еден од најсестраните кошаркари во светот.

Додека играше кошарка, самиот си ги измисли прекарите “Сер Данк” и “Доктор Данкенштајн”, но засекогаш му остана прекарот од Стиви Вондер, “Чоколаден гром”. Во НБА одигра 726 натпревари за екипите на Филаделфија, Њу Џерси, Јута и Детроит. Пред крајот на кариерата играше и во Европа, во италијанскиот Милано со кого настапи на завршниот турнир од Купот на европските шампиони во 1992 година, но не ја освои титулата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top