Во холот на Хотелот „Дрим во Струга пред почетокот на големата поетска манифестација беше отворена изложбата на фотографии, дело на Александар Ѓоргиев.
-„Анаграми за самопрепознавање“ е насловот на најновиот уметнички потфат на нашиот проминентен уметник на фотографијата Александар Ѓорѓиев, во кој овој наш истакнат автор ги внесува сите оние чудесни и таинствени искуства што се скриле во него низ неговиот долгогодишен варијабилен и мултиполарен пристап и експертиза на фотографската пракса, која токму во овој негов уметнички концепт ја екстраполира до висините на една зачудна, психоделична и надреална поетика. Всушност овој наш истакнат фотограф и уметник настапува од позициите на неговиот огромен опус низ кои тој проаѓа низ сите можни искуства на фотографскиот медиум. Од фотографијата на мигот па преку документаризмот и одбележувањето на актуелните општествено – политички моменти кои подоцна ќе се преточат во историја, Александар Ѓорѓиев со оваа рецентна поставка ни се претставува како вистински изграден и сериозен поет на визуелното, користејќи го својот стандарден медиум – фотографијата, но во случајот надградувајќи ја и проширувајќи ја со дигиталната технологија и воведуваќи ја во сферите на мултидисциплинарноста …рече меѓу другото на свеченото отворање на изложбата Александар Станкоски, а меѓу присутните беше и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст