| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на фотографии на Александар Ѓоргиев

Во холот на Хотелот „Дрим во Струга пред почетокот на големата поетска манифестација беше отворена изложбата на фотографии, дело на Александар Ѓоргиев.

11898851_1632169197032665_5727056927948886735_n

-„Анаграми за самопрепознавање“ е насловот на најновиот уметнички потфат на нашиот проминентен уметник на фотографијата Александар Ѓорѓиев, во кој овој наш истакнат автор ги внесува сите оние чудесни и таинствени искуства што се скриле во него низ неговиот долгогодишен варијабилен и мултиполарен пристап и експертиза на фотографската пракса, која токму во овој негов уметнички концепт ја екстраполира до висините на една зачудна, психоделична и надреална поетика. Всушност овој наш истакнат фотограф и уметник настапува од позициите на неговиот огромен опус низ кои тој проаѓа низ сите можни искуства на фотографскиот медиум. Од фотографијата на мигот па преку документаризмот и одбележувањето на актуелните општествено – политички моменти кои подоцна ќе се преточат во историја, Александар Ѓорѓиев со оваа рецентна поставка ни се претставува како вистински изграден и сериозен поет на визуелното, користејќи го својот стандарден медиум – фотографијата, но во случајот надградувајќи ја и проширувајќи ја со дигиталната технологија и воведуваќи ја во сферите на мултидисциплинарноста …рече меѓу другото на свеченото отворање на изложбата Александар Станкоски, а меѓу присутните беше и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top