Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос ја именува претседателката на Врховниот суд Василики Тану за премиер, што треба да состави времена влада, која ќе ја води земјата до предвремените избори следниот месец.Василики Тану (65) ќе биде првата жена на премиерската функција во Грција. Таа треба да положи заклетва денеска подоцна и ќе именува влада, која треба да положи заклетва утре. Изборите во Грција се очекува да се одржат на 20 септември.
Досегашниот премиер Алексис Ципрас поднесе оставка минатата недела околу седум месеци по изборот. Неговата коалициска влада беше погодена од внатрешен бунт од левичарската СИРИЗА поради одлуката да ги прифати условите за штедење со новиот пакет помош за земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција