На тетовецот Џ.С.(42) судија во претходна постапка при Основниот суд во Тетово денеска му определи 30 дена притвор откако вчера попладне тој бил приведен од полицијата бидејќи при претрес на објект што го користел биле пронајдени 25 грама непозната прашкаста материја со кафена боја и дигитална вага од кинеско производство, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.- Џ.С. притворот ќе го издржува во КПУ Тетово. Вештачењето на создржината од двете најлонски ќесиња во кои била пронајдена прашкастата материја покажале дека станува збор за наркотична дрога хероин, рече Јосифовски.
Дрогата била пронајдена при полицискиот претрес реализиран со соодветна судска наредба во импровизиран објект – дрвена куќичка, лоцирана во нива во близина на железничката пруга покрај патот за Фалише со која располагал односно ја користел Џ.С. Хероинот бил ставен во најлонско ќесе што било сокриено зад електрична печка, а другото помало најлонско ќесе со околу 5 грама хероин било ставено над влезната врата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.