– Ние како ЕУ треба да им појасниме на земјите што не спаѓаат во нашата група како треба да ги прават работите и треба да бидеме самокритични дека е срамно што една ЕУ држава се поврзува со пропуштање на илјадници емигранти дневно. Тоа е срамно и ние како ЕУ треба да преземеме спротивни мерки бидејќи тоа е неприфатливо за Македонија а потоа и за Србија и Унгарија каде се упатуваат натаму бегалците. Втората точка на која сакам да се осврнам е дека кога сме свесни дека доаѓа до постојани премини каде добро се заработува нудејќи се такси превоз за цена десет пати повисока за емигрантите да бидат превезени од една граница до друга. Кога го гледаме тоа, сметам дека треба да размислиме за промена на системот кој би ги спречил овие работи натаму. Можеби тоа би биле системи за барање азил директно во средините од каде потекнуваат емигрантите а ако емигрантите сепак мораат да летаат во Европа, тоа да биде сигурен и безбеден пат- истакна австрискиот министер за надворешни работи.
Во поздравното обраќање, австрискиот канцелар Венрер Фајман истакна дека е потребен заеднички и координиран ангажман на ЕУ и државите кои ги засега оваа појава. Тој додаде дека без распределба на одговорности, осигурување и контрола на границите, нема да се реши кризата, затоа потребна е одлучност во решавањето на овие предизвици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“



