Индустриското производство во периодот јануари – јули 2015 година во однос на истиот период лани е поголемо за 0,2 отсто, соопшти денеска Државниот завод за статистика.
Во јули годинава, пак, е евидентирано намалување на индустриското производство во споредба со јули 2014 за 2,7 отсто.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2015, бележи пораст од 7,8 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од 3.6 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација намалување од 13.2 отсто.
Според главните индустриски групи, производството во јули годинава 2015 година, во однос на истиот месец лани, бележи пораст кај Капитални производи за 28.1 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 6.5 отсто, додека опаѓање има кај Енергија за 15.3 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.7 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.7 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.