Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јули се пониски за 0,8 проценти на месечно ниво, односно за 4,8 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во споредба со јуни пониски се цените во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,5 проценти, Енергија за 0,4 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 0,4 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,2 проценти и во групата Капитални производи за 0,1 проценти.
Споредено со јули минатата година намалување има во групите Енергија за 10,7 проценти, Капитални производи за 4,3 проценти, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,5 проценти и во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0,5 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.