Општинската организација на Црвен крст Центар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, утре по повод големиот христијански празник Голема Богородица, ќе ја реализираат традиционалната 13. крводарителска акција.
Акцијата ќе се одржи во Домот на АРМ од 9.00 до 15.00 часот.
Карактеристично за оваа акција е што секоја го надминува сопствениот рекорд на дарувани единици крв.
Мината година на акцијата се одѕваа повеќе од 300 граѓани, од кои 286 даруваа крв.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.